Македонецот без грешка, Лазаров „пет од пет“ против Истр во Франција

лазаров
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со ново признание од ЕХФ/Фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Во рамките од деветтото коло во најсилното француско првенство составот на Нант со резултат 36:31 на домашен терен го совлада Истр.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров во четвртиот триумф по ред беше непогрешлив, постигна пет голови (5/5).

Истиот учинок кај неговите клупски колеги го имаше и Давид Балагер, а најефикасен беше Валеро Ривера со девет голови.

Во другите средби: ПСЖ – Шартр 39.25, Ним – Шамбери 33:28 и Ст. Рафаел – Кретеј 33:31.

На табелата води ПСЖ на нашиот поранешен селектор Раул Гонзалез со 18 бодови, пет повеќе од второпласираниот Нант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот