Лукашенко: Ние не сме агресори, ќе ја поддржиме Русија на секој начин

Александар Лукашенко / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ASTAFYEV / SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE POOL MANDATORY CREDIT

Белорусите не се агресори, но на секој можен начин ќе ја поддржиме Русија, изјави денеска претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Тој на церемонијата на положување венци на Споменикот на победата по повод 77-годишнината од победата над нацизмот рече дека Белорусите немаат право да не ја поддржуваат Русија, пренесува Белта.
„Отсекогаш сме биле заедно, секогаш сме биле обединети. Нема да можете да не растргнете и разделите“, нагласи Лукашенко.

Тој му порача на Западот дека Белорусите се мирни, но дека никој не смее ниту да се обиде да разговара со Минск од позиција на сила.

Зборувајќи за западните санкции, Лукашенко рече дека тие не се „шеќер“, но дека Белорусија ќе издржи и дека санкциите ќе ја направат уште посилна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот