Лукаревска за информациите дека АА се интересира за нејзината фотелја во УЈП: Амбициозни имало и ќе има

Фото: Фејсбук

Потпретседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, вечерва во гостувањето на „ТВ21“ одговори на информациите кои се појавија во јавноста – дека Алијансата за Албанците, која влегува во власта, била заинтересирана за челната функција во УЈП.

„Амбициозни имало и ќе има, меѓутоа и шпекулации имало и ќе има“, вели Лукаревска.

„Легитимно е за секоја политичка партија која влегува во коалицијата да има свои аргументи за одредено министерство, одредена институција и така натаму,“ додаде таа.

Лукаревска вели дека во преговорите со раководството на АА околу влегувањето на партијата во владата, имале „одличен преговарачки тим“, а целиот процес на преговори „се одвивал во најдобар ред“.

Околу владејачкото мнозинство во Собранието, Лукаревска рече дека не се согласува со ставовите дека тоа е „на стаклени нозе“, бидејќи е евидентно дека има окрупнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот