Лукаревска: После 39 години Неготино доби нова градинка

Сања Лукаревска / Фото: Скриншот/СДСМ

Ги слушаме граѓаните, градиме дијалог со младите и можности да развиваат сопствени бизниси дома, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска вечерва во Неготино.

– Слушаме од Белата палата дека нашите политички опоненти ќе се бореле да ги задржат младите, заборавија ли дека токму тие дозволија до 2016 од земјата да се иселат 630 илјади граѓани. Принципот на Социјалдемократскиот сојуз „Едно општество за сите” значи граѓанинот да биде секогаш на пиедестал, ги слушаме граѓаните, градиме дијалог со младите, создаваме можности младите да развиваат сопствени бизниси, овде, дома и затоа сите ние треба да ја направиме разликата на 17 октомври, рече Лукаревска.

Овде во Неготино, додаде Лукаревска, ќе имаме реприза на резултатот од претходните избори, победа во првиот круг. Резултатите на СДСМ, како што посочи, се реални – се вложува во граѓаните, се зголемуваат платите, а невработеноста е на рекордно ниско ниво.

-Неготино знае да направи разлика. Со заложба на Владата и на локалната власт, после 39 години конечно имаме нова градинка во Неготино, за повеќе од 160 дечиња да може да имаат беззгрижно детство, додаде таа.

Кандидатот за градоначалник Тони Делков, според неа, е човек од збор кој знае да ги сослуша граѓаните.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот