Лукаревска: На 15 јули гласајте, одберете да продолжиме заедно на прав пат кон ЕУ и НАТО 

Преку одговорни државнички политики за само три години СДСМ ги оствари стратешките цели на државата. На 15 јули излезете и гласајте, одберете да продолжиме заедно на прав пат кон ЕУ и НАТО, не дозволувајте враќање на изолацијата и обнова на режимот, изјави денеска Сања Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ2 од СДСМ и коалицијата „Можеме”.

Таа нагласи дека денес сме 30-та земја членка на НАТО, еднакви во најсилниот и најважен воено-безбедносен сојуз. и сме пред почеток на преговори со ЕУ.

– Целосно го заштитивме идентитетот, ги зачувавме државните и национални интереси. Разобличени се лагите на ВМРО – ДПМНЕ и на Христијан Мицковски. Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност, денес се признаени од сите. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра. Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома, рече Лукаревска.

Според Лукаревска, понудата на 15 јули е кристално јасна, одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад.

– Дали ќе растат платите или ќе се полнат џебовите на луѓе на Груевски, дали ќе се заштитиме од КОВИД-19 или ќе оставиме неодговорни луѓе да донесат хаос и паника. Дали ќе го исчистиме судството од корумпираните или ќе оставиме Мицковски да ги спасува криминалците. Дали после НАТО влегуваме во ЕУ или ќе им дозволиме да го поништуваат Договорот од Преспа и да не носат во провалија. Затоа почитувани, немојте да мислите дека работата е однапред завршена, важно е, излези и гласај да продолжиме заедно да ја градиме европската иднина на државата, повика Сања Лукаревска, носител на изборна листа во ИЕ2 од СДСМ и коалицијата „Можеме”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот