Лукаку би можел да направи сензационален трансфер во Италија?!

фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Ромелу Лукаку би можел да ја продолжи кариерата во Рома, откако извршниот директор на Рома, Лина Силуку, пристигна во Лондон на разговори со претставниците на Челси. Секако, тема е можниот трансфер на белгискиот напаѓач.

Лукаку (30) се врати во Челси во 2021 година, а минатата сезона ја мина на позајмица во Интер.

По завршувањето на минатата сезона тој се врати во лондонскиот клуб, но менаџерот на „Сините“ Маурисио Покетино и натаму не смета на белгискиот фудбалер.

Лукаку наводно беше на прагот да се пресели во Јувентус (во трансферот беше вклучен и Душан Влаховиќ), но претставниците на двата клуба не успеаја да се договорат за условите за трансферот.

Покрај тоа, навивачите на „Старата дама“ од Торино јасно ставија до знаење дека се против доаѓањето на Белгиецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот