Луис Суарез по скоро една година се враќа во репрезентацијата на Уругвај

Фото: EPA-EFE/Ricardo Rimoli

По скоро една година, Луис Суарез кој е најдобар стрелец во историјата на уругвајската репрезентација се враќа во националниот тим.

За Суарез ова е прв повик во мандатот на Марсело Биелса кој репрезентацијата ја презема во мај по Светското првенство во Катар каде што Уругвај беше елиминиран уште во групната фаза. На Мундијалот Уругвајците не успеаа да ја поминат групата во која беа уште Португалија, Јужна Кореја и Гана.

Последниот натпревар пред овој повик Суарез за Уругвај го одигра против Гана на 2-ри декември и во него Уругвајците славеа победа од 2:0.

Во овој момент тој се наоѓа во одлична форма во бразилското првенство каде што постигна 14 гола, па токму затоа и Биелса се одлучи да го повика.

Уругвај во овој репрезентативен циклус го очекува натпревар против Аргентина во Буенос Аирес и дуел на домашен терен против Боливија. Суарез за националниот тим вкупно постигна 68 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот