Љубов за време на корона: Изнајмил џет-ски за да го премине морето да си ја види саканата – го уапсиле заради непочитување на мерките

unsplash

Пандемијата на коронавирусот покрај тоа што ни го промени животот во целост, се чини дека нè направи креативни и посмели.

Дејл МекЛафлан од местото Ајршир на југот на Шкотска се вљубил во септември додека сезонски работел на островот Ман, автономна британска област во Ирското море. Кога му истекол договорот и престојот, 28-годишниот Шкотланѓанец морал да се врати дома.

Очајно сакал да ја види својата девојка, но поради пандемијата на коронавирус не можел да успее во својата намера. Како во филм, Дејл изнајмил џет-ски за прв пат во животот и возел преку ледените и разбранувани мориња за да стигне до островот Ман и да ја види својата сакана.

Instagram
Островот Ман / Instagram

Според сегашните закони, за влез на островот е потреба посебна дозвола

Имено, Дејл не знаел дека властите забраниле посети на луѓе кои не се постојани резиденти. Тој поминал 40 километри но патувањето низ немирното море на ниски температури траело повеќе од четири часа.

Кога пристигнал, тој храбро се придвижил и одел пешки уште 24 километри до куќата на својата сакана, пренесува „Би-Би-Си“.

За жал, по проверка за идентификација од полицијата бил уапсен за нелегално влегување на островот. Локалниот судија го осудил на еден месец затвор за „свесно и намерно кршење на безбедносните мерки во островот Ман, потенцијално ставајќи ја во опасност целата заедница“.

Одбраната на 28-годишникот изјави дека неговиот клиент страндал од депресија и не се справувал со неможноста да ја види својата сакана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот