Љубомир Фрчкоски е сериозен кандидат за нов амбасадор во САД

Како што јавува Телевизија 24, најверојатно Македонија конечно ќе добие свој амбасадор во САД. Според високи владини извори, еден од најсериозните кандидати за оваа позиција е професорот Љубомир Фрчкоски.

Името на потенцијалниот кандидат за амбасадор, според процедурата, треба да помине на владина седница откако претходно ќе биде предложен од министерството за надворешни работи како предлог услогласен и со претседателот Пендаровски.

Но, ниту МНР има одговор на прашањето во однос на името на кандидатот за амбасадор во САД, ниту проф. Фрчкоски има коментар на оваа тема.

Македонија со години нема амбасадори во десетини држави во светот, па така, освен во Вашингтон, ние немаме претставник ниту во Брисел, Москва, Пекинг, а во екот на македонско-бугарскиот спор немаме амбасадор ниту во Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот