ЛШ: ППД Загреб елиминиран, Алборг против Вардар или Веспрем

ППД Загреб не ја помина групната фаза во ЛШ/Алборг, Данска/9 март 2022/Фото: EPA-EFE/Bo Amstrup send2net

ППД Загреб не успеа да триумфира во Данска, не освои ниту еден бод, па така хрватскиот шампион го заврши настапот во ЕХФ Лигата на шампионите во групната фаза.

Алборг славеше на домашен терен со 31:25, а оваа победа ги израдува играчите на Елверум кои во Скопје му гостуваат на Вардар 1961, па така овој меч во СЦ „Јане Сандански“ нема да има никакво резултатско значење.

Кај домаќините шведскиот интернационалец Клаар имаше шест погодоци, а на спротивната страна Чупиќ постигна 11 голови.

Без разлика како ќе заврши дуелот во Скопје, вака изгледа пласманот на сите екипи во групата „А“: Алборг 22 бодови, Кил 21, Пик Сегед 18, Монпелје 16, Вардар 11, Елверум 8, ППД Загреб 8, Мешков Брест 4.

Алборг (заедно со Кил) директно се пласираше во четвртфиналето, а таму ќе го чека подобриот од осминафиналната пресметка помеѓу Вардар 1961 и Веспрем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот