ЛШ, Јовиќ: Со нашиот трпелив напад да ја спречиме брзата игра на Кил

фото: РК Еурофарм Пелистер

Денеска од 18.45 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола екипата на Еурофарм Пелистер против Кил ќе го игра својот трет натпревар сезонава во ракометната Лига на шампионите. Играчите на Александар Јовиќ ги очекува нов тежок меч против еден од фаворитите во групата „А“.

Моментно на табелата по две одиграни кола по четири бодови имаат Алборг, Кил и ПСЖ, по два Колстад и Келце, а ниту еден Пик Сегед, ППД Загреб и Еурофарм Пелистер.

Судии на овој меч ќе бидат Австријците Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ, додека ЕХФ делегат е Сотирис Мигас од Грција.

Тренерот на актуелниот македонски шампион, Јовиќ е свесен дека за противник ќе го има првакот на Германија и со каков противник треба да се судрат неговите ракометари:

– Крајно време е нашата екипа да се покаже во поинакво светло и по натпреварот сите да бидеме задоволни од одиграното. Со сигурност ви тврдам дека Еурофарм Пелистер ќе ги исполни сите цели за оваа сезона. Имаме комплетно нова екипа и ние треба време. За брзо време ќе се претставиме во најдоброто светло. Добро ќе се спремиме за Кил и ќе извадиме максимум од екипата.

Направивме анализа на натпреварите на Кил, преферираат модерен ракомет и динамична игра. Ќе се обидеме да наметнеме темпо кое нам ни одговара. Треба да играме трпеливо во напад и со тоа ќе спречиме нивна брза игра. Еурофарм Пелистер само ќе расте, одигравме два натпревари од Суперлигата и тие добро ни дојдоа. Играчите почувствуваа и добра игра и победи и прашање на денови е кога ќе проработиме – се зборовите на Јовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот