ЛШ: Интер е домаќин на Порто, Лајпциг ќе го пречека Манчестер сити

фото: EPA-EFE/ESTELA SILVA

Денеска од 21.00 часот ќе се играат првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите: Интер – Порто и Лајпциг – Манчестер сити.

Натпреварот во Италија е дуел на два поранешни европски шампиони, тоа ќе биде прв меч на двата тима по 18 години, а улогата на фаворит му припаѓа на Интер, пред се затоа што сè игра на „Џузепе Меаца“ во Милано.

Хоакин Кореа нема да игра за Интер поради повреда на бутот, додека на другата страна Габриел Верон ќе го пропушти натпреварот поради проблем со скочниот зглоб.

Во вториот вечерен натпревар Лајпциг ќе го пречека Манчестер сити. Тоа ќе биде дуел на две екипи во идентична форма, а пред средбата во Германија имаат по три победи, реми и пораз на последните пет средби.

Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола нема да може да смета на Лапорт, Стоунс и Де Брујнe. Олмо нема да биде на другата страна, а под знак прашалник е и настапот на Нкунку.

Двата тима веќе еднаш играа во Лигата на шампионите. Пред две години беа во иста група и двете екипи забележаа по една победа.

ВИДЕО | „Петарда“ во голот на Алисон, Реал го потопи Ливерпул среде „Енфилд“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот