ЛШ: Динамо Загреб во „невозможна мисија“, Шахтјор Доњецк нема избор против Лајпциг

Стефан Ристовски („Динамо Загреб“) на натпреварот против Милан на „Сан Сиро“/фото: EPA-EFE/Roberto Bregani

Со денешните натпревари во групите Е, Ф, Г и Х, ќе заврши групната фаза во фудбалската Лига на шампионите. Дознавме 14 екипи кои ќе патуваат во нокаут-фазата, тие се Наполи, Ливерпул, Порто, Клуб Бриж, Баерн Минхен, Интер, Тотенхем, Ајнтрахт Франкфурт, Челси, Реал Мадрид, Манчестер сити, Борусија Дортмунд, ПСЖ и Бенфика.

Последните две екипи во осминафиналето треба да дојдат од групите Е и Ф. Во групата Е во директен дуел за второто место ќе играат Милан и Салцбург.

Челси е сигурно прв, Динамо Загреб на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски се надева на чудо, односно триумф над лондонските „сини“ и пораз на Салцбург од Милан, за да ја освои третата позиција која значи продолжување во Лига Европа. Нема да биде доволна евентуалната победа на „модрите“ во Лондон, доколку ремизираат Милан и Салцбург на „Сан Сиро“.

Во групата „Ф“, екипата на Шахтјор Доњецк нема друг избор освен да оди на победа против директниот конкурент за второто место, Лајпциг.

ВИДЕО | Драма на „Велодром“: Тотенхем постигна гол во 95-та и го „извади“ Спортинг

Сè е познато во групата „Г“ Манчестер сити и Борусија Дортмунд ќе играат во нокаут-фазата, во Лига Европа оди Севиља, а елиминиран е данскиот Копенхаген. А во групата „Х“ ПСЖ и Бенфика продолжуваат понатаму во ЛШ, додека Јувентус и Макаби Хаифа кои имаат ист број на бодови ќе се борат за третото место кое во ЛЕ.

Лига на шампиони 2022/2023

Последно, 6. коло, двојки –

Група „Е“

21.00 часот Милан – Салцбург
21.00 часот Челси – Динамо Загреб

Табела: Челси 10 бодови, Милан 7, Салцбург 6, Динамо Загреб 4.

Група „Ф“

18.45 часот Реал Мадрид – Селтик
18.45 часот Шахтјор Доњецк – Лајпциг

Табела: Реал Мадрид 10 бодови, Лајпциг 9, Шахтјор Доњецк 6, Селтик 2.

Група „Г“

21.00 часот Копенхаген – Борусија Дортмунд
21.00 часот Манчестер сити – Севиља

Табела: Манчестер сити 11 бодови, Борусија Дортмунд 8, Севиља 5, Копанхаген 2.

Група „Х“

21.00 часот Јувентус – ПСЖ
21.00 часот Макаби Хаифа – Бенфика

Табела: ПСЖ 11 бодови, Бенфика 11, Јувентус 3, Макаби Хаифа 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот