ЛШ: Адеми и Ристовски се надеваат на чудо против Милан, Јувентус мора да слави во Лисабон

Динамо Загреб по позитивен резултат на „Максимир“ против Милан/фото: EPA-EFE/Roberto Bregani

Денеска ќе се играат натпреварите од петтото претпоследно коло од Лигата на шампионите во групите Е, Ф, Г и Х од каде сигурни учесници до сега во следната фаза се Реал Мадрид и Манчестер сити.

Во групата „Е“ сѐ е отворено, сите четири екипи имаат шанси за првите две позиции кои водат во нокаут фазата, како и за третото место кое води во Лига Европа. Динамо Загреб на македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми на „Максимир“ од 21.00 часот е домаќин на Милан. „Модрите“ кои атакуваат на позитивен резултат се свесни за тешката задача пред нив, „росонерите“ беа подобри во првиот меѓусебен дуел со 3:1 на „Сан Сиро“.

Во групата „Ф“ Реал Мадрид до крајот на групната фаза може само да го изгуби првото место, се очекува во директна пресметка за втората позиција да се борат Лајпциг и Шахтјор Доњецк, а шкотскиот Селтик ќе се надева на чудо и се обиде да стигне до третото место.

Од групата „Г“ на тимот на Борусија Дортмунд му е потребен само уште еден бод за да биде во елиминациските дуели, а по мечот СевиљаФК Копенхаген (кои вечерва се надеваат на пораз на „милионерите“ против Манчестер сити) ќе се знае кој ќе биде поблиску до евентуално останување во трката за второто место, а кој до третото за ЛЕ.

И во последната група „Х“, ПСЖ и Бенфика се многу блиску до нокаут фазата, париските „светци“ од 21.00 часот се фаворити против израелскиот состав на Макаби Хаифа, а Бенфика во Лисабон и со реми може да го елиминира Јувентус од трката за ЛШ.

Лига на шампиони 2022/2023

Петто коло, двојки –

Група „Е“

18.45 часот Салцбург – Челси
21.00 часот Динамо Загреб – Милан

Табела:

1.Челси 7 бодови
2.Салцбург 6
3.Милан 4
4.Динамо Загреб 4

Група „Ф“

21.00 часот Селтик – Шахтјор Доњецк
21.00 часот Лајпциг – Реал Мадрид

Табела:

1.Реал Мадрид 10 бодови
2.Лајпциг 6
3.Шахтјор Доњецк 5
4.Селтик 1

Група „Г“

18.45 часот Севиља – ФК Копенхаген
21.00 часот Борусија Дортмунд – Манчестер сити

Табела:

1.Манчестер сити 10 бодови
2.Борусија Дортмунд 7
3.Севиља 2
4.ФК Копенхаген 2

Група „Ф“

21.00 часот Бенфика – Јувентус
21.00 часот ПСЖ – Макаби Хаифа

Табела:

1.ПСЖ 8 бодови
2.Бенфика 8
3.Јувентус 3
4.Макаби Хаифа 3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот