„ЛОВЕЦОТ НА УРАГАНИ“ НА СВЕТОТ МУ ПОКАЖА „ЧУДОВИШТЕ“: Еве како Доријан ги пустоши Бахамите! (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

„Ловецот на урагани“, Џош Моргерман снимил застрашувачко видео преку кое прикажува низ што минале жителите на Марш на островот Абако, при минувањето на ураганот Доријан, во северозападниот дел на Бахамите.

Моргерман од прва рака го забележал доаѓањето на ураганот, ударот, како и првиот, вториот и третиот ден по него. Снимката не само што ја покажува бруталната моќ на ураганот, туку и шокантните последици.

Ураганот зад себе оставил хуманитарна криза, најмалку 50 мртви, повеќе од 1.000 исчезнати и илјадници преживеани кои се без вода, храна и покрив над главата.

– Имав чувство кога слетав во Абако дека ова ќе биде „лов на векот“ – вели тој.

За време на престојот на Абако, тој повремено се огласуваше преку социјалните мрежи, со цел да ги информира пријателите и роднините дека е жив и неповреден. Моргерман го опиша пристигнувањето на ураганот Доријан на островот како „кугла за куглање“.

– Имаме совршен директен удар – рече тој тогаш.

На снимката се забележува „бесот“ на ураганот од категоријата 5. Моргеман наведува дека вистински деструктивни ветрови дувале околу пет часа. Тој додава дека ураганот Мајкл, кој се закани пред една година, бил многу побрз од Доријан.

– Бев премногу исплашен. Не можев да ја издржам втората половина од невремето во малиот бункер во кој бев сокриен – вели Моргерман.

Тој се надева дека неговата снимка ќе ги поттикне луѓето на акција и помагање на луѓето кои се погодени од минувањето на ураганот.

– И натаму се трага по исчезнатите лица – додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот