Лондон: Русите испратија елитни десантни сили во Донбас

Фото: Alexander Reka

Британското Министерство за одбрана утринава објави нов извештај на своето воено разузнавање за ситуацијата во Украина. Во него тие наведуваат дека Русија во последните две недели веројатно префрлила големи делови од своите воздухопловни трупи (ВДВ) на фронтот во источните региони Луганск и Доњецк. Од септември до октомври, повеќето од значително ослабените единици на ВДВ биле ангажирани во одбраната на окупираните територии западно од реката Днепар во Херсонската област, се наведува во извештајот.

Разузнавачки извори велат дека дел од воздушните трупи се засилени со неодамна мобилизирани резервисти. Иако овој слабо обучен персонал веројатно ќе ги намалат наводните елитни способности на ВДВ, Русија најверојатно ќе ги распореди овие единици во секторите што ги смета за особено важни, велат тие.

Потенцијалните оперативни задачи на ВДВ вклучуваат поддршка на одбраната на областа Кремин-Сватова во областа Луганск, но и зајакнување на офанзивните операции во правец на градот Бахмут во Доњецк, се наведува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот