Ливерпул не попушта, падна и Тотенхем

twitter/premier league

Европскиот шампион доминираше во репризата на финалето од Лигата на шампионите, имаше дури 70 проценти посед на топката и 13 шутеви во рамките на голот во однос на противникот кој упати само еден, но до победата дојде со пресврт во второто полувреме.

Хари Кејн уште во 48 секунда ги шокира домашните навивачи носејќи му водство на Тотенхем, додека победата на „црвените“ му ја донесоа Џордан Хендерсон со голот во 52. Минута и Мохамед Салах кој во 72. минута  беше прецизен од пенал.

Со победата во дербито, Ливерпул се врати на победничките патеки откако во минатото коло ремизира на гостувањето кај Манчестер јунајтед, а притоа ја задржа и предноста на табелата од шест бодови пред Манчестер сити.

Важна победа со која најавуваат подобри денови оствари и Манчестер јунајтед кој со 3:1 го совлада Норич и тоа како гостин.
Головите на Јунајтед беа дело на Скот Мектомини, Маркус Рашфорд и Антони Марсијал додека Ернандес го постигна голот за домашниот тим. Победата на Јунајтед можеше да биде поубедлива доколку Марсијал и Рашфорд ги погодеа шутевите од пенал.

Арсенал од готово направи вересија. „Топчиите“ по само 10 минути игра имаа водство од 2:0 против Кристал Палас со головите на Папастатопулос и Давид Луиз. Но упорните гостински фудбалери успеаја да дојдат до израмнување благодарение на Лука Миливојевиќ и Џордан Ају.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот