Литванија ќе ги менува старите автомобили на населението со електрични возила

unsplash

Верувале или не, Литванија е една од најинвентивните држави во светот. Властите во Литванија смислиле план како помогнат да се „отстранат“ старите автомобили од употреба, имајќи предвид колку ја загадуваат животната средина.

Старите автомобили ќе се заменуваат со ефикасни и лесни возила како електричните велосипеди и скутери, со кои државата воедно би помогнала и во процесот на „стабилизирање“ на сообраќајот.

Неверојатно, нели? Но, тргувањето со стари автомобили за нови електрични возила и не е толку шокантно за Литванците, кои со воодушевување ја поздравиле идејата и можноста да ги заменат своите стари автомобили за нови електрични велосипеди.

Програмата е продукт на Агенцијата за управување со животна средина на Литванија, која е под водство на Министерството за животна средина на земјата. Идејата е планирана да почне со реализација следното лето, со поготвен буџет од 8 милиони евра.

За да се квалификуваат, граѓаните ќе имаат можност да аплицираат и потоа да добијат субвенција од 1.000 евра за набавка на ново електрично возило како велосипед, мопед, мотор или дури кредити за јавен превоз во замена на нивното старо возило.

Всушност, многу од постарите автомобили со кои се тргува, властите во Литванија веруваат дека имаат помала вредност од 1.000 евра, што значи дека нивните сопственици ќе имаат корист од „зделката“, дури би можеле да направат дополнителна заштеда, од автомобилско осигурување до бензини или дозволи за паркирање.

Анализите покажале дека 1.000 евра субвенција за купување на нов електричен велосипед се сосема доволни средства, тврдејќи дека на пазарот може да се најдат возила дури и за пониска цена. Со тоа само се потврдува фактот дека не мора да потрошите многу пари за да добиете легитимен електричен велосипед што во целост би ја заменила функцијата на автомобилот.

Досега литванската програма потрошила околу 95% од својот буџет, но воедно добила дополнителни 3 милиони евра за одржување на популарната програма која ја поздравува целиот свет.

Од Министерството за животна средина објаснуваат дека иницијативата била одлично прифатена од населението. Бројот на апликации веќе ги надминал нивните очекувања.

Многу е важно да се потенцира фактот за свесноста на населението дека само со такви идеи може да се помогне за глобалните програми за климатски промени. Оваа програма може и треба да се реплицира низ целиот свет, ова е огромен чекор кон преродбата на една држава во поубаво и поодржливо место за живеење.

Иако сме свесни дека буџетот е секогаш чувствително прашање и се чини дека светските власти секогаш имаат „подобра“ идеја за тоа каде и како треба да се потрошат „државните пари“, сепак, вложувањето во програми како оваа би помогнало да се решат многу проблеми одеднаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот