Лига Европа: Елмас од првата минута ќе игра на „Камп Ноу“ против Барса

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Од 18.45 часот на стадионот „Камп Ноу“ ќе се игра првиот натпревар од плеј-оф фазата на Лига Европа за пласман во осминафиналето помеѓу Барселона и Наполи.

Од првата минута за италијанскиот фудбалски клуб ќе стартува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Тренерот Лучано Спалети се одлучи за следните 11: Мерет, Ди Лоренцо, Рахмани, Кулибали, Жуан Жезус, Ангиса, Фабиан, Елмас, Зиелински, Инсиње, Осимхен.

На спротивната страна тренерот Чави ќе го стартува дуелот со следните 11 фудбалери: Тер Штеген, Пике, Адама, Педри, Жорди Алба, Феран, Ф. Де Јонг, Мингеза, Ерик, Обамејанг, Нико.

Денеска од првата минута за молдавскиот Шериф Тираспол ќе стартува и Бобан Николов во домашниот меч против португалската Брага (18.45 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот