Личните работи на нобеловката Марија Кири ќе бидат радиоактивни уште 1.500 години

Марија Кири Фото: Scherl / SZ-Photo / Profimedia

Марија Кири, позната како „мајката на модерната физика“, почина во 1934 година од апластична анемија, ретка болест поврзана со високо ниво на изложеност на ефектите од нејзините познати откритија, радиоактивните елементи полониум и радиум.

Кири, единствената жена што ја добила Нобеловата награда во две различни области (физика и хемија), го продолжила истражувањето на францускиот физичар Анри Бекерел, кој во 1896 година открил дека елементот ураниум испушта зраци.

Во 1898 година, Марија и нејзиниот сопруг, францускиот физичар Пјер Кири, откриле нов радиоактивен елемент. Двајцата го нарекоа елементот полониум по Полска, родната земја на Марија.

По повеќе од 100 години, голем дел од личните работи на Кири, вклучително и нејзината облека, мебел, книги за готвење и лабораториски белешки, остануваат контаминирани со радијација, како што пишува „Кришчан саенс монитор“.

Сметани за национално и научно богатство, лабораториските тетратки на Кири се чуваат во оловни кутии во Националната библиотека на Франција во Париз. Иако библиотеката им овозможува на посетителите да ги гледаат ракописите на Кири, од сите гости се очекува да потпишат откажување од одговорност и да носат заштитна опрема, бидејќи предметите сè уште се контаминирани со радиум 226, кој има полуживот од околу 1.600 години.

Работите на познатата научничка се веќе околу 100 години стари, па ќе бидат потребни уште 1.500 години за да станат половина радиоактивни отколку што се сега. Нејзиното тело исто така беше погодено од радијација и затоа е ставено во ковчег обложен со речиси еден сантиметар олово.

Кири беше погребана во францускиот Пантеон, мавзолеј во Париз во кој се сместени посмртните останки на истакнати француски граѓани – вклучувајќи ги и филозофите Русо и Волтер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот