Личниот лекар на Берлускони тврди: Ова не е истиот ковид-19, вирусот ја губи силата

Фото: Profimedia

– Мораме да ја вратиме нормалната состојба во државата. Некој мора да ја преземе одговорноста за тероризирање на земјата, истакна Зангрило.

Шефот на болницата Сан Рафаеле во Милано, во северниот регион Ломбардија, кој беше жариште на панедимијата од коронавирус во Италија, рече дека новиот бран ја губи својата сила и дека станал помалку смртносен.

– Во реалноста, вирусот клинички повеќе не постои во Италија, рече вчера д-р Алберто Зангрило, кој беше личен лекар на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

– Брисевите земени во последните 10 дена покажуваат дека нивото на вируси во квантитативна смисла апсолутно екстремно е помал во однос на оние земени пред месец дена или два, додава тој за порталот Hamodia.com.

Италија е трета земја во светот по бројот на смртни случаи од коронавирус, со 33.475 смртни случаи откако изби епидемиајта на 21. февруари. Според бројот на заболени од 233.197, Италија е на шесто место во светот.

Бројот на нови инфекции и смртни случаи почна полека, но сигурно да опаѓа во мај и земјата почна брзо да ги укинува некои од построгите рестриктивни мерки воведени во Европа.

Зангрило рече дека некои експерти исто така се загрижени поради можноста од појава на втор бран инфекции и додаде дека политичарите треба да ја земат во предвид новата реалност.

– Мораме да ја вратиме нормалната состојба во државата. Некој мора да ја преземе одговорноста за тероризирање на земјата, истакна Зангрило.

Д-р Матео Басети, шеф на клиниката за инфективни болести Сан Мартино во Џенова, рече дека исто така се уверил дека вирусот слабее.

– Силата на коронавирусот од пред два месеци не е иста како денеска. Очигледно е дека ковид-19 денеска е поинаков, рече Басети.
Италијанската влада повика на внимателност, наведувајќи дека се уште е прерано да се прогласува победа.
„Додека чекаме научни докази да ја поддржат таа теза дека вирусот исчезнал… би ги повикала оние кои велат дека се сигурни во тоа дека не ги збунуваат Италијанците. Наместо тоа треба да ги повикаме Италијанците да бида максимално внимателни, да држат физичка дистанца, да избегнуваат големи собири и често да мијат раце и да носат маски“, наведе во соопштението Сандра Зампа, заменичка министерка за здравство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот