Лице од Тексас уапсено поради повици за убиство на државниот секретар на Џорџија

„Кју-анон шаманот“ Џејкоб Ченсли Капитол Доналд Трамп
Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Министерството за правда на САД синоќа подигна обвинение против лице од Тексас кое преку оглас повикувало убиство на избрани официјални службеници на Џорџија, лани на 5 јануари ден пред нападот на Капитолот.

Ова е прв случај воден од новиот оддел во министерството наречен Оперативна група за изборни закани, создадена летоска да се справи со заканите насочени кон изборите, избраните претставници и вработените во изборниот процес.

Федералното обвинителство поднесе тужба против лицето Чад Кристофер Старк (54) од Лендер, Тексас, за тоа што ја повикал групата „Џорџија патриоти”, да „стави куршум” во избрани државни службеници. Старк синоќа беше задржан од полицијата.

Обвинението не ги именува службениците, но се работи за државниот секретар Бред Рафенсбергер и главниот советник во државниот департмент на Џорџија.

Огласот е објавен на многу популарната веб-страница за огласи Креглист, и се појави кога тогашниот претседател Доналд Трамп вршеше зголемен политички притисок врз избрани официјални лица и изборните работници во клучните држави, да ги изменат резултатите од претседателските избори одржани во ноември 2020 година.

Во телефонски повик неколку денови пред упадот во Капитолот, Трамп го повика Рафенсбергер „да ги најде гласовите” за да прогласи победа за него во оваа клучна држава. На претседателските избори, сепак за победник беше прогласен демократскиот противкандидат Џо Бајден.

Трамп ги повика поддржувачите на голем митинг во Вашингтон лани на 6 јануари, по што се случи хаосот пред американскиот Конгрес и упадот на стотина негово поддржувачи во Капитолот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот