Левандовски подобар стрелец од Меси и Кристијано Роналдо во Топ 5 европските лиги

фото: EPA-EFE/Roman Rios

Познатите фудбалери Лионел Меси (36) и Кристијано Роналдо (39) во текот на нивните кариери се натпреваруваа за тоа кој постигнал повеќе голови. Додека настапуваа во Европа беа во постојана трка да видат кој е најдобар стрелец на Стариот континент, но ниту еден од нив не е на првото место на листата на најуспешни голгетери на петте најдобри европски лиги, англиската, шпанската, италијанската, германската и француската.

На третото место е португалскиот фудбалер на Ал-Наср од Саудиска Арабија, Роналдо. Тој постигна 350 голови на 406 натпревари во изминатата деценија додека играше за Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и Јувентус. Од друга страна, напаѓачот на Интер Мајами од САД, Аргентинецот Меси, кој е втор на листата, може да се пофали со 377 голови на 458 натпревари додека настапуваше за Барселона и ПСЖ.

Убедливото прво место на табелата му припаѓа на Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач, кој моментно игра за Барселона, во текот на својата кариера беше „машина за голови“. За тоа сведочи и фактот што пет последователни години ја освојуваше титулата најдобар стрелец во лигата додека играше за Баерн Минхен.

Исклучителен успех постигна во сезоната 2020/21, кога постигна неверојатни 41 гол, само во Бундеслигата.

Сè на сè, по преселбата од Дортмунд во Баерн во 2014 година, Левандовски постигна 344 гола, додека сметајќи ги Борусија и Барселона, во последните 10 години постигна 407 гола на 478 натпревари.

Најдобри стрелци во Топ 5 европските лиги –

1. Роберт Левандовски 478 натпревари/407 голови
2. Лионел Меси 458/377
3. Кристијано Роналдо 406/350
4. Хари Кејн 453/309
5. Килијан Мбапе 352/271

6. Карим Бензема 442/257
7. Пјер-Емерик Обамејанг 430/256
8. Мохамед Салах 461/250
9. Луис Суарез 388/241
10.Чиро Имобиле 409/239

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот