Летен рецепт на Стефанија Несторовска: Медитеранска наут салата

Фото Приватна архива

Наутот е одличен извор на јаглехидрати и протеини. Тоа е мешунка што источните култури одамна ја препознаваат како многу вкусно растение. Бидејќи во летните денови ни треба полесна храна, Стефанија Несторовска има предлог за многу вкусен оброк салата.

Стефанија Несторовска, која стои зад инстаграм-профилот и блогот snestorovska.com обожава да јаде наут, а, денеска ни претставува друг начин на подготовка.

Стефанија Несторовска наут салата Фото Приватна архива
Фото: Приватна архива

Состојки:

– 1 голема краставица, исечена на ситни коцки
– 5-6 шери домати, исечени на 4 половинки
– половина главица кромид, исечена на тенки кругови
– 3 ротквици, исечени на тенки кругови
– една китка магдонос, исечкан на ситно
– една шака свежо нане, исечкано на ситно
– 1 конзерва наут

За дресинг:

– сок од половина лимон
– 6 лажици маслиново масло
– 1 лажичка сол
– малку бибер
– 1 лажичка кимион (не КИМ)
– 1 лажичка оригано
* или микс зачини по избор, но не ги штедете зачините, оваа салата си бара зачинетост.

Фото: Приватна архива

Начин на подготовка:

Откако ќе се исечка зеленчукот, се додава во голем овал.

Наутот од конзерва се премива со ладна, чиста вода, се процедува и тој се додава со другите зеленчуци.

Состојките за дресингот се мешаат во мал сад и се додаваат врз салатата. Сето тоа убаво се промешува за да се соедини.

Салатата може да се консумира веднаш, но најдобро е да се остави неколку часови за вкусовите убаво да се соединат.

Ова е една од ретките салати каде што можам топло да ви препорачам да ја оставите да „одлежи“ малку зошто навистина станува сè повкусна.

Може да стои во фрижидер до 2 дена, а и повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот