Лекарите открија уште еден симптом на ковид кај малите деца, еве што може да укажува на зараза

Фото: Профимедиа

Ненадејното целосно или речиси целосно избегнување на цврста храна кај малите деца може да биде еден од показателите за развој на ковид-19 и последицата е промена на сетилото за мирис и вкус на детето, се наведува во трудот на лекарите од Калифорнија.

Во трудот објавен минатата недела во списанието „Педијатрија“ опишале две мали деца, и двете на возраст под 18 месеци, кои одеднаш развиле аверзија кон цврста храна во времето кога им бил дијагностициран ковид-19.

Децата кога нешто би изеле, веднаш потоа се загрцнувале или ја плукале храната.

Во исто време кога се развила и одбивноста кон храната, едното дете одеднаш станало чувствително и на мирисот на кој било миризлив производ, што е уште еден знак за ослабено сетило за мирис.

Шест до осум месеци по дијагнозата, двете мали деца почнале да ја поднесуваат цврстата храна, но ниту едно од нив целосно не продолжило да ги внесува изворните количини храна.

„Овој одложен и променлив клинички тек кај нашите млади пациенти е во склад со неодамнешните студии за возрасни кои покажуваат дека проблемите со мирисот и вкусот поврзани со ковид-19 може да се развиваат и да исчезнуваат, а една третина од пациентите може да имаат трајни симптоми“, рекле лекарите.

Врз основа на овие ограничени податоци, тие заклучиле дека аверзијата кон храна кај малите деца кои сè уште не зборуваат „би требало да биде знак дека треба да се тестираат за присуство на вирусот SARS-CoV-2.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот