Лејди Гага нема да пее на Оскарите, продуцентот ја откри причината

Фото: Профимедиа

Лејди Гага нема да ја изведе својата песна номинирана за Оскар, „Hold My Hand“ од „Top Gun: Maverick“ на доделувањето на најпрестижните филмски награди што ќе се одржи в недела. Продуцентот на доделувањето на Оскарите, Глен Вајс, откри дека 36-годишната пејачка морала да ја одбие поканата, поради актерските обврски на снимањето на продолжението на „Joker: Folie à Deux“.

„Ние сме во одлични односи со Лејди Гага и нејзиниот тим, но таа во моментот е среде снимање на филм, а ние тука ѝ оддаваме чест на филмската индустрија и сѐ што е потребно за снимање на филм. По многу натегање, се чинеше невозможно да направиме настап со калибар на кој сме навикнати кога е таа во прашање. Затоа Гага нема да настапи на шоуто, но кога некој снима филм, ние имаме потполно разбирање. Тоа е приоритет во оваа работа, особено поради тоа што ние наградуваме филмови“, објасни Вајс.

Сите други номинирани за најдобра авторска песна оваа година го потврдија своето присуство на наградите. Годинешните номинирани покрај Лејди Гага ги вклучуваат Ријана со „Lift Me Up“ од филмот „Black Panther: Wakanda Forever“, „Applause“ на Софија Карсон и Дајан Ворен од филмот „Tell It like a Woman“, „This Is Life“ на Дејвид Бурн од филмот „Everything Everywhere All at Once“ и „Naatu Naatu“ од филмот „RRR“.

Лејди Гага последен пат настапи на Оскарите во 2019 година, кога песната „Shallow“ од филмот „A Star Is Born“ ја освои наградата во споменатата категорија. Истата година, пејачката беше номинирана и за најдобра актерка. Таа исто така беше номинирана за најдобра оригинална песна во 2016 година за „Til It Happens to You“ од филмот „The Hunting Ground“.

Настап кој сите го очекуваат: Ријана ќе пее на годинашните Оскари

Ова се најголемите фаворити за „Оскар“ според обложувалниците

По шамарот на Вил Смит, Академијата воведува „кризен тим“ за овогодинешните Оскари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот