Лефков: Поскапата струја ќе ја подгрее инфлацијата, бог да им е напомош на граѓаните

Миле Лефков / Фото: Архива на „Слободен печат“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во вечерашното гостување на ТВ24 ја коментираше најавата од претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски околу поскапувањето на струјата, укажувајќи дека е загрижен со она со кое што ќе се соочат граѓаните од први јануари следнава година, како и дека во Буџетот за 2022 година не се предвидени средства за енергетската криза.

„Ако зборуваме за цената на струјата, рекоа дека за 10 проценти ќе има покачување но ако внимателно ја проследите изјавата на Беслимовски кој го коментираше укинувањето на евтината дневна тарифа за која рече дека според пресметките, значи зборуваме за релевантни пресметки, доколку не се укинеше дневната евтина тарифа поскапувањето требаше да изнесува 14,85 проценти, што практично значи дека за секој наш граѓанин зголемувањето на цената комбинирано од зголемувањето од 10 проценти и укинувањето на евтината тарифа ќе изнесува 15 проценти. Дополнително ова се случува во моменти кога во државата имаме разгорена инфлација и дополнително ќе ги разгори инфлаторните текови, а во буџетот кој што се донесе за 2022 година немаме никакви мерки за справување со енергетската криза, меѓутоа немаме ниту анти инфлаторни мерки. Бог да и е напомош на Македонија и на граѓаните со она кое што се соочат од први јануари“, рече Лефков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот