Леброн ги откри омилените фудбалери (ВИДЕО)

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Едне од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, времето во самоизолација го поминува и со дружење со своите фановите преку социјалните мрежи.

Едно од прашањата за Леброн беше поврзано со фудбалот и кои му се омилени фудбалери.

– Имам неколку. За почеток, сите од Ливерпул – рече кошаркарот на ЛА лејкерс, кој е еден од малцинските акционери во англискиот клуб, а потоа почна да ги набројува и останатите.

– Мбапе, Нејмар, Кристијано Роналдо, ти момци се легенди, сите ги сакам – рече Џејмс.

Фановите приметија дека полмеѓу нив го нема Лионел Меси, како и Златан Ибрахимовиќ, кој до минатата сезона настапуваше за Лос Анџелес галакси.

– Меси? Да, нормално, и тој е легенда. Златан? Тој е луд, но е неверојатно добар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот