Лебеди го разубавија Дебарско Езеро

По повеќе од три децении попладнево забележани се лебеди во водите на Дебарско Езеро.

– Станува збор за двојка лебеди кои како што е познато опстануваат заедно. Го разубавија езерото, прекрасно е да се види и ваков вид на нашето езеро. Сè уште не знаеме како се нашле тука, изјави за МИА, Дртан Боцку, претседател на Спортското риболовното друштво „Трофта” концесионер на езерото.

Тој додаде дека рибочуварската слжуба веќе била задолжена посебно да се грижи за нив.

Боцку нагласува дека доколку се потврди дека за нивен опстанок одговараат климатските услови на ова подрачје нивниот број ќе се обидат да го зголемат.

Последниот пар лебеди, кој беше забележан во езерото пред повеќе од три децении за жал несовесни граѓани најпрво го застрела едниот, по што по краток период угина и другиот лебед.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот