Ле Мер: Го поддржавме „Ер Франс” но тој мора да биде добар клиент на „Ербас”

Владата е подготвена да му помогне и на „Ербас“ доколку тоа биде потребно.

Финансиската поддршка на француската Влада за „Ер Франс” доаѓа со очекување дека авиокомпанијата ќе продолжи да купува авиони од „Ербас”. Тоа го изјави денеска министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Владата во петокот и понуди на авиокомпанијата пакет од седум милијарди евра составен од државни банкарски заеми и заеми директно од државата.

– Ако го поддржуваме „Ер Франс” – не го кријам тоа – „Ер Франс” мора да продолжи да биде добар клиент на „Ербас “, што исто така е во тешка состојба, рече Ле Мер за телевизијата ЛЦИ.

Тој додаде дека Владата може исто така да го поддржи „Ербас” масовно кога тоа ќе биде потребно”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот