Лазаров: Верувам во тимот, но свесни сме за тешката задача пред нас

Кирил Лазаров
Македонскиот репрезентативец и селектор Кирил Лазаров блеска и на 41 година/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Утре најдобрата македонска репрезентација ќе го игра својот прв натпревар на Европското првенство, со почеток од 18.00 часот во унгарскиот Дебрецин во рамките од групата „А“ ќе се соочи против Словенија.

Селекторот Кирил Лазаров кој воедно ќе ја има и улогата на играч, пред медиумите ги сподели очекувањата пред настапот на континенталниот собир.

Македонија на последното тестирање се соочи со проблеми, односно позитивни тестови на ковид-19 добија Марко Кизиќ, Никола Митревски, Гоце Ојлески и Михајло Младеновиќ.

– Бев подготвен како да реагирам доколку излезат позитивни тестови на ковид-19. Тоа е што е, мораме да ја прифатиме ситуацијата, не треба сега да ја губиме мотивацијата и енергијата поради тоа. Верувам во мојот тим, иако свесни сме дека дека ќе имаме тешка задача пред нас. Словенија има репрезентација со одлични играчи, со изградени играчи и добар селектор на клупата, Љубомир Врањеш. Не се предаваме, ќе се бориме до крај да обезбедиме пласман во следната фаза. Изградуваме една нова подмладена репрезентација која треба да ја наследи старата. Знаеме што сакаме, подготвени сме, дали тоа ќе биде доволно, утре ќе каже конечниот резултат – се зборовите на Лазаров.

Словенците ја имаат фаворитската улога, тие на претходното ЕП се пласираа на четвртото место. Но, во меѓусебните досегашни мечеви на Европските првенства нашата селекција беше двапати подобра.

Лазаров има шанса да го подобри учинокот на погодоци на континенталните собири, моментно има 182 голови. На претходното ЕП во своите први натпревари, Македонија славеше над Украина со 26:25, а Словенија триумфираше над Полска.

– Првиот меч е секогаш тежок, против Македонија очекувам добар, но и тежок натпревар. Неколку пати игравме против нив и за нас се добро познати ривали – се зборовите на словенечкиот репрезентативец Блаж Благотиншек за сајтот на ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот