Лазаров со нов триумф, Нант кон врвот во Франција!

ouest-france.fr/THOMAS BRÉGARDIS

Денеска во рамките од 10. коло во најсилната француска ракометна лига составот на Нант триумфираше дома над Истр со 29:26 (18:12).

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров на денешниот дуел не беше меѓу поефикасните, односно само еднаш се запиша во листата на стрелците (1/4).

Нашиот десен бек единствениот погодок го постигна од линијата за седум метри.

Кај неговите тимски колеги најефикасни беа Оливие Нјокас и Валеро Ривера со по шест голови.

Ова беше вкупно седма победа (втора по ред) за Нант сезонава во шампионатот и моментно се наоѓа на делба на второто место заедно со Ним, Тулуз и Монпелје со по 14 бодови, лидер е ПСЖ со 20.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот