Лазаров предупредува: Направивме грешки кои не смеат да ни се повторат, натпреварот со Турција е најважен

Фото: РФМ/Фејсбук

Ракометарите на Македонија денес забележа убедлива и очекувана победа против Луксембург со 38:24 во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Сепак и покрај победата селекторот Кире Лазаров не е во целост задоволен од она што го одиграле ракометарите. Како што кажа Лазаров второто полувреме било искористено за тренинг, меѓутоа се случиле грешки какви што не смеат да се случуваат во иднина.

„Им честитам на моите ракометари за победата и нивниот однос кон натпреварот. Тешко е да се одржувате мотивирани кога водите со 11 гола разлика, бев играч и го рабзирам тоа. Во второто полувреме ритамот падна, се обидовме да го искористиме за тренинг, но направивме грешки какви што не смеат да се случуваат во иднина“, изјави Лазаров.

Според Лазаров, натпреварот против Турција ќе биде најважниот во квалификациите.

„Во Турција одиме за три дена и според мене тој натпревар е најважен во квалификациите. За мене чест и задоволство е да водам ваква екипа која има простор да напредува во иднина“, изјави Лазаров.

Ќе потсетиме заедно со нас во група покрај Турција и Луксембург е и селекцијата на Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот