Лазаров: Најреално ќе беше да загубиме од Франција со шест-седум голови разлика

фото: EPA-EFE/Christopher Neundorf

Настапот на Европското ракометно првенство во Германија, најдобрата македонската репрезентација го стартуваше со висок пораз од Франција со 39:29 (17:13).

Селекторот Кирил Лазаров го дели општиот впечаток дека резултатот е превисок во однос на прикажаното.

Нашите најдобри ракометари тргнаа одлично, водеа со 10:8, беа подобриот ривал во првите 20 минути, но не можеа уште многу да се носат со силните Французи.

– Им честитам на Французите за заслужената победа. Можеби денеска игравме против најсилниот европски тим. И одигравме добро, задоволен сум, но 40 минути против ваков противник не се доволни. Не сум задоволен од резултатот, мислам дека десет голови се премногу, не заслуживме да загубиме толку убедливо. Најреално би било шест, седум или осум разлика. Направивме премногу грешки за ваков натпревар – изјави Лазаров.

Македонија утре патува за Берлин, каде в недела (14 јануари) ќе ги одмери силите со домаќинот Германија (20.30 часот).

Митревски: Кога правите премногу грешки против Франција, веднаш доаѓа казната

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот