Лавров: Русија спречи многу кибер напади од Германија

Русија спречи многу кибер напади од Германија врз институции и организации во текот на минатата година и годинава, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

На заедничката прес конференција со неговиот германски колега Хајко Мас тој рече дека Русија изразила загриженост кон германската страна поради таа ситуација, пренесува ТАСС.

Лавров прецизираше дека рускиот центар за кибер-инциденти од јануари до мај годинава идентификувал 75 случаи во кои руски институции, вклучително и повеќе од 50 владини канцеларии, биле нападнати од хакери од Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот