Лавров отфрли каква било соработка со ЕУ во иднина

Сергеј Лавров / Фото EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС изјави дека Русија повеќе не планира да започнува заеднички проекти со Европската унија, имајќи предвид дека Западот практично води хибридна војна против Москва. Според рускиот врвен дипломат, односите меѓу Москва и ЕУ се „на најниско ниво“ од, како што рече, добро познати причини.

„Набргу по започнувањето на специјалната воена операција, Брисел тргна по стапките на САД и НАТО во хибридна војна против нас. Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, беше еден од првите што повика на пораз на Русија на бојно поле“, истакна Лавров.

„Се разбира, веќе нема да биде „бизнис како и обично“ со тие актери. Немаме намера да тропаме на затворени врати или да започнуваме некакви заеднички проекти. Фала му на Бога, светот за нас не е само Европската унија и имаме многу пријатели и истомисленици на други места“, рече тој.

Лавров ги осуди владејачките елити во ЕУ дека им наштетуваат на виталните интереси и благосостојбата на нивните граѓани. „Тие го следеа антитурското раководство на хегемонот преку океанот во речиси целосна послушност, а понекогаш дури и надминувајќи ги (САД)“, додаде Лавров.

Тој укажа на забраната што Вашингтон ја воведе за европските земји, според која на европските компании повеќе не им е дозволено да одржуваат енергетски дијалог со Русија, за кој Лавров тврди дека на Европејците им гарантира невиден просперитет со децении.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот