Лавров и Зариф изразија желба да помогнат во ситуацијата со Сирија

Фото: Принтскрин

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Мохамад Џавад Зариф разговараа за ситуацијата во североисточна Сирија, каде што во тек е турска инвазија и изразија подготвеност да помогнат да се реши со разговори, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

И Лавров и Зариф изјавија дека е неопходно да се постигне долготрајна стабилизација на источната страна на реката Еуфрат по пат на „дијалог помеѓу Дамаск и Анкара, како и меѓу сириските власти и претставниците на сириските Курди”.

Тие наведоа дека Русија и Иран се подготвени да помогнат во тие контакти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот