Лапорта до навивачите на Барса: Останете смирени, знаеме што треба да направиме

Жоан Лапорта, претседателот на Барселона/фото: EPA-EFE/Alejandro García

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги повика навивачите да останат со тимот, кој, според него, во моментов се наоѓа во тешка ситуација.

Каталонскиот клуб лошо ја започна новата сезона, без Лионел Меси, поради што на големо се најавува заминување на тренерот Роналд Куман.

Навивачите не се задоволни од моменталната ситуација, но првиот човек на клубот ги повика да бидат трпеливи и да продолжат да ја поддржуваат екипата.

– Ве повикувам да продолжите да го поддржувате нашиот тим. Знаете дека поминуваме низ тешки моменти, затоа треба да останете со нас.

Ќе се обидеме да победиме против Кадиз. Не знам што ќе се случи, но без оглед на тоа, продолжете да го поддржувате тимот и против Леванте. Останете смирени, знаеме што треба да направиме – рече Лапорта.

Каталонците во понеделникот ги поделија бодовите со Гранада (1:1), а во првите четири натпревари во шпанската „Ла Лига“ забележаа две ремија и две победи, додека претрпеа убедлив пораз од Баерн во Лигата на шампионите.

Куман е во добитна позиција, Барселона ќе му исплати милиони евра доколку го отпушти или не му го продолжи договорот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот