Фон дер Лајен: Не постои строг распоред за пристапување на Украина во ЕУ

Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Не постои строг распоред за пристапување на Украина во Европската унија, а земјата се уште треба да исполни некои барања на патот кон членство во ЕУ, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по средбата во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Украина ќе прави напори секој ден да напредува на својот пат кон членство во ЕУ“, рече Зеленски.

„Нашата цел е апсолутно јасна: да започнеме преговори за пристапување на Украина. Нема да изгубиме ниту еден ден во нашата работа за приближување на Украина кон ЕУ“, нагласи Зеленски на Телеграм.

„Украина е Европската унија, а Европската унија е Украина“, изјави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Киев по состанокот посветен на пристапувањето на земјата во ЕУ.

„Иднината на Украина е во Европската унија“, категоричен беше Мишел на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен и Зеленски.

Со санкциите на Европската унија против Русија мора да се осигура дека таа нема да може да го обнови својот воен потенцијал, изјави и украинскиот претседател.

Фон дер Лајен истакна дека следната група санкции на ЕУ против Русија ќе бидат насочени кон компонентите потребни за производство на беспилотни летала што руските вооружени сили ги користат во Украина.

Дополнително, „Европската унија ќе направи дополнителни напори да ги искористи замрзнатите руски средства за обнова на Украина“, се вели во заедничката изјава на Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен, објавена по нивната средба со Володимир Зеленски.

Украинскиот лидер рече дека украинските сили ќе го бранат градот Бахмут што е можно подолго и го повика Западот да го снабдува Киев со ракети со голем дострел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот