Лајчак очекува средба меѓу Курти и Вучиќ во наредните неколку недели

Курти и Вучиќ/ Фото ЕПА

Специјалниот пратеник на Европската унија во преговорите меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак очекува преговорите за целосна нормализација на односите меѓу двете држави да почнат во наредните неколку недели.

Во обраќање пред новинарите по денешната средба во Приштина со косовскиот премиер Албин Курти, Лајчак рече дека „нема брзање”, но треба да се искористи „позитивниот момент” за да се почнат дискусиите за целосна нормализација на односите. Тој додаде дека Брисел очекува средба на Курти со претседателот на Србија, Александар Вучиќ во наредните неколку недели.

Нема веќе кризи. Ние можеме да расправаме за суштината и токму тоа е причината поради која сум тука, за да ја вратиме нашата дискусија за прашањето на нормализација и да ги разгледаме наредните чекори во тој процес, рече Лајчак.

Запрашан за месец март кој се споменува како рок до кога се очекува да се постигне конеччниот договор меѓу Косово и Србија, европскиот емисар рече дека тој не е „човек на рокови”.

Би рекол дека до март ние ќе видиме каде се наоѓаме, изјави Лајчак.

Пратеникот на ЕУ допатува утрово во Приштина од Белград, каде што вчера се сретна со претседателот Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот