Ладна супа од краставици, домати и пиперки: Идеален рецепт за топли и спарни летни денови

Фото: FOODSTUFF / Alamy / Alamy / Profimedia

Летниот период е вистинско време да повнимавате на вашата исхрана и да се обидете да јадете здрава и лесна храна. Овој рецепт за ладна летна супа е сѐ што ви треба за ваков лесен и освежителен оброк. За ова јадење нема да треба да го вклучите шпоретот или рерната, ќе ви требаат само неколку зрели плодови и блендер.

Состојки:
1 краставица
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 кг домати
2 чешниња лук
2 млади кромидчиња
75 г стар бел леб
2 лажици јаболков оцет или балсамико
тостиран леб по желба за сервирање

Подготовка:
Краставицата излупете ја и исечете ја на парчиња, исчистете ја пиперката од семките и исечкајте ја, доматите исечкајте ги на парчиња, лукот исцедете го, младиот кромид ситно исечкајте го, стариот леб исечкајте го на парчиња.

Ставете сè во поголем сад, добро зачинете со сол и бибер, оцет и маслиново масло. Добро измешајте и оставете да отстои барем половина час, или преку ноќ.

Сè ставете во блендер и мешајте додека смесата не се изедначи. Вкусете и зачинете по потреба.

По потреба дополнително изладете ја супата во фрижидер или послужете со коцки мраз, посипете со малку сечкан босилек, уште малку маслиново масло.

Можете да послужите со тостиран леб кој можете да го загреете на тавче и пред послужување да премачкајте го со маслиново масло и зачини по желба.

Фото: FOODSTUFF / Alamy / Alamy / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот