„Лада Нива“ на Народниот правобранител украдена од механичарска работилница во Ласкарци

Лада Нива / илустрација / фото: Wikimedia

Џип „Лада Нива“, сопственост на институцијата Народен правобранител, викендов бил украден од механичарска работилница во скопското село Ласкарци, каде бил оставен на поправка, соопшти полицијата.

Б.Ш. (32) од Ласкарци пријавил дека во периодот од 12 до 14 јуни, од неговата работилница било украдено возилото.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот