ЛА Лејкерс во плејофот ќе играат во дресови кои ги дизајнирал Коби Брајант
Првиот носител во плејофот во Западната конференција, ЛА Лејкерс уште еднаш ќе оддаде почит на трагично загинатата НБА ѕвезда, Коби Брајант и тоа преку дизајнот на дресовите.
Коби Брајант кој целата кариера во НБА лигата ја помина токму во ЛА Лејкерс и притоа освои пет шампионски титули, пред трагедијата која се случи на 26. јануари годинава, учествуваше во изработката но новиот дизајн на дресовите. Играчите на лејкерс новите дресови ќе ги носат доколку ја поминат првата рунда од плејофот, односно го елиминираат Портланд.
The Lakers plan to wear their Black Mamba jerseys in honor of Kobe Bryant if they advance past the first round of the playoffs, per @BA_Turner pic.twitter.com/D8iSNuAUvi
— Bleacher Report (@BleacherReport) August 17, 2020
На дресот ќе има змија во чест на прекарот на Брајант „црна мамба“, како и 16 ѕвездички кои ги означуваат 16. шампионски титули на екипата.
Коби Брајант трагично загина во хеликоптерска несреќа која се случи на 26. јануари годинава во близина на Лос Анџелес, а покрај него животот го загубија и неговата ќерка Џиана и уште седум патници.