Квалификации за ЛШ: Слован со пресврт до триумф над Ференцварош

Голема победа на Слован во квалификациите за ЛШ/фото: EPA-EFE/ANTHONY ANEX

Екипата на Слован Братислава славеше на гостувањето кај унгарскиот шампион Ференцварош со 2:1 и тоа со пресврт.

Унгарскиот тим поведе со 1:0 во 70 минута и тоа со голот на Захаријасен, но гостите во финишот успеаја да направат пресврт. Прво Кашиа во 81 минута израмни на 1:1, а седум минути подоцна Баргесијан му донесе триумф на Слован.

Победа на гостински терен оствари и Викторија Плзењ на гостувањето кај Хелсинки со 2:1. Чешкиот тим поведе во шестата минута со голот на Чори од пенал. Хелсински во 50. минута израмни Радуловиќ, но седум минути подоцна Копич погоди за 1:2.

Останатите три вечерашни натпревари во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, завршија без победник. Макаби Хаифа и Олимпијакос одиграа 1:1, додека на дуелите меѓу Динамо Киев – Фенербахче и Марибор – Шериф немаше голови.

Резултати:
Хелсинки – Викторија Плзен  1:2
Макаби Х. – Олимпијакос 1:1
Динамо К. – Фенербахче 0:0
Ференцварош – Слован Братислава 1:2
Марибор – Шериф Т. 0:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот