Курти: Во јуни можеме да го продолжиме дијалогот со Србија

Премиерот на Косово, Албин Курти рече дека во текот на јуни може да го започне дијалогот со Србија.

Курти истакна дека во мај ќе се сретне со опозицијата во Косово за да разговара за дијалогот, додека истакна дека ќе присуствува на работната вечера што ќе биде организирана во мај со лидерите на Балканот во Брисел.

Тој нагласи дека им треба време за да добијат повеќе информации и документи од минатите договори, за добро да го подготват овој дијалог, бидејќи нема простор за други грешки во овој процес, пренесува Телеграфи.

„Следната недела ќе ја одобриме програмата за управување, и планот за работа и тој треба да биде испратен на дискусија до косовскиот парламент. Од друга страна, потребни ни се повеќе информации и документи за минатите договори и процесот воопшто, за да се подготвиме за тоа. Во текот на мај ќе се сретнеме со опозицијата на Косово за да го дадеме нивниот придонес. Ние сакаме да имаме добро подготвен дијалог. Ние не сакаме да правиме грешки, и ова покажува дека го сфаќаме многу сериозно. Тие само сакаат добро подготвен дијалог. Првично во мај ќе ја имаме оваа работна вечера со лидерите на Западен Балкан, а потоа некаде во јуни можеме да започнеме со следното поглавје од дијалогот со присуство на медијатори на ЕУ“, рече Курти за време на заедничката прес-конференција по средбата со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот