Курти вели дека Косово немало добро искуство со договорите со „Бехтел и Енка“: Надуени цени и нетранспарентност

Бехтел и Енка / Фото МИА

„Демократијата подразбира целосна транспарентност и детален надзор“ – ова го изјави косовскиот премиер Албин Курти вечерва во „360 степени“ на „Алсат“, запрашан за коментар околу контроверзите во процесот на избор на компанија која ќе врши надзор над изградбата на коридорите 8 и 10-д во земјава. Автопатиштата ќе ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, кој со години ги градеше косовските автопатишта.

„Јас не можам да го знам тоа, бидејќи за тоа е потребна конкретна анализа на конкретните договори. Во Република Косово пред повеќе од една деценија имаше апсолутен недостаток на транспарентност и имаше надуени цени кои беа многу повисоки од цените на пазарот. Јас не знам каква е сега ситуацијата во Северна Македонија, но демократијата подразбира целосна транспарентност и подразбира детален надзор. Со ова се грижиме државниот буџет, кој всушност е буџет на граѓаните како даночни обврзници, да не биде оштетен, и напротив, се грижиме тој максимално да се користи во полза на оние за кои постојат политичарите и владите, а тоа е народот и граѓаните на државата“, вели Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот