Курти: Ако постои волја за неколку месеци ќе има договор меѓу Србија и Косово

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека конечен договор меѓу Косово и Србија, доколку постои сериозна желба за нормализација на односите, може да се постигне веќе за неколку месеци, односно до идната пролет.

Во обраќање пред новинарите по денешната посета на невладината организација Хендикос, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, Курти рече дека за конечен договор воопшто не се потребни години, под услов тоа навистина да се сака.

„Ако сериозно сакаме договор и ако навистина сакаме целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, воопшто нема сомнежи дека за тоа не се потребни неколку години, туку би рекол дека се доволни неколку месеци, секако пред напролет идната година“, рече Курти.

Инаку косовскиот премиер Албин Курти, во средата пред пратениците во Собранието на Косово изјави дека Европската унија и САД „планираат да март следната година да се постигне конечен договор меѓу Косово и Србија“,

Тој рече и дека самите ЕУ и САД „сакаат нова динамика“ и дека „тоа е предлог на ЕУ.

„Има предлог, како добра основа за дискусија, и секако таму се споменуваат минатите бриселски договори, но се споменува и предлогот од 18 август што го дадов како општа рамка за договорот. „Не сакам да демантирам дека се склучени 33 договори, но јас не ги потпишав, мораме да ги прегледаме“, рече Курти.

Курти за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг изјави дека не би одел во Брисел за да преговара за прашањето за регистарските таблички, туку за сеопфатен договор, кој, како што кажа, мора да биде постигнат пред пролетта 2023.

Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер, порача дека Курти може да во Брисел кога сака и како сака тоа е негов проблем и му посака среќен пат.

Вучиќ: Курти може да оди во Брисел кога сака, му посакувам среќен пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот