Курти: До март се планира конечен договор меѓу Косово и Србија

Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Албин Курти денеска пред пратениците во Собранието на Косово изјави дека Европската унија и САД „планираат да март следната година да се постигне конечен договор меѓу Косово и Србија“,објави Нова.рс.

Тој рече и дека самите ЕУ и САД „сакаат нова динамика“ и дека „тоа е предлог на ЕУ.

Курти изјави дека треба да се разгледаат 33 договори потпишани досега.

„Има предлог, како добра основа за дискусија, и секако таму се споменуваат минатите бриселски договори, но се споменува и предлогот од 18 август што го дадов како општа рамка за договорот. „Не сакам да демантирам дека се склучени 33 договори, но јас не ги потпишав, мораме да ги прегледаме“, рече Курти.

Собранието на Косово не го усвои предлогот за резолуција поднесена од опозициската Алијанса за иднината на Косово, со која се бара, покрај одложувањето на спроведувањето на владината одлука за регистарските таблички, која беше договорена во Брисел на 23 ноември, да се започне дијалог со косовските Срби и тие да бидат поканети да се вратат во институциите.

Србите ги напуштија институциите поради одлуката на Владата на Косово возилата со српски таблички да се пререгистрираат со косовски таблички – РКС.

Курти за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг изјави дека не би одел во Брисел за да преговара за прашањето за регистарските таблички, туку за сеопфатен договор, кој, како што кажа, мора да биде постигнат пред пролетта 2023.

Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер, порача дека Курти може да во Брисел кога сака и како сака тоа е негов проблем и му посака среќен пат.

Вучиќ: Курти може да оди во Брисел кога сака, му посакувам среќен пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот