Курц: Пандемијата помина, освен за невакцинираните

Себастијан Курц / Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Пандемијата за вакцинираните помина, но сега имаме пандемија на невакцинираните, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц.

„Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз”, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг”.

Тој посочи дека многумина се вакцинирани и не треба да се справуваат со мерките, но сепак има 30 отсто од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, затоа мора да знаат дека некогаш ќе бидат заразени со корона.

„Токму поради невакцинираните се уште се потребни минимум мерки. Претпочитам се да е отворено за 70 отсто од населението, отколку се да затвораме”, објасни Курц.

Тој, исто така, ја критикуваше Слободарската партија на Австрија (ФПО) за ширење страв и водење кампања против вакцинација.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот