Купиле куќа од ерата на Прохибицијата: Во ѕидовите пронашле 66 скриени шишиња виски

Instagram

Ник Драмонд и Патрик Бакер купиле куќа стара 100 години во Њујорк. Тие слушнале дека куќата била изградена од познат шверцер на алкохол.

Но, во октомври, кога започнале да ја реновираат куќата откриле дека легендата има „вистински темели“, бидејќи во ѕидовите на куќата пронашле повеќе од 66 шишиња виски од ерата на Прохибицијата.

Instagram
Instagram

Во овој период било забрането со закон производството, складирање (без разлика дали станувало збор за буриња или шишиња), транспорт, продажба, поседување и консумирање алкохол. Сепак, ваквите забрани и строги санкции предизвикале други, дури и посериозни проблеми и значително го зголемиле криминалот.

Драмонд го опиша „уловот“ на виски со објава на социјалните мрежи, наведувајќи дека нивните ѕидови се полни со алкохол.

Instagram
Instagram

Не можам да поверувам дека гласините биле точни. Тој навистина бил шверцер“, напишал тој зборувајќи за сопственикот кој ја изградил куќата во 1915 година. Станува збор за германецот Адолф Хампфнер, кој бил вмешан во голем број скандали во Њујорк.

Парот купил куќа во реонот на Ејмс, на околу три часа од Њујорк, пред една година, но тие неодамна почнале со реновирање. Драмонд раскажа дека започнал да го вади кофражот однадвор и во еден момент му испаднал првиот пакет.

Бев збунет. Имаше сено, хартија и стакло насекаде, а потоа најдов и други пакувања“, рекол тој. Сите шишиња биле „Gaelic Old Smuggler“ – виски кое и денес се произведува.

Најдовме секакви судски случаи и написи во весници за човекот што ја изградил оваа куќа. Адолф Хампфнер. Тој починал под (можеби сомнителни?) околности на 12 октомври 1932 година“, пишува Ник.

Instagram
Instagram

За локалното население во тоа време било мистерија како Хампфнер го стекнувал своето богатство. Но, тој поседувал локална банка, училишна гимназија и уште 23 имоти во Њујорк и Њу Џерси.

Instagram
Instagram

Почнавме да го каталогизираме алкохолот! Од првичните пронајдени 66 шишиња, околу 13 се полни. Но, 4 од нив се во лоша состојба, па затоа би рекол дека веројатно имаме 9 „добри“ шишиња. Има и неколку полу-полни шишиња. Останатите главно испариле“, вели Драмонд

Instagram
Instagram

Ник Драмонд и Патрик Бакер велат дека сè уште не го пробале вискито но и дека се преплавени со пораки од луѓе кои бараат да купат по некое шише од историското виски. Тие продолжуваат со реновирањето на куќата која веројатно крие уште тајни од Прохибицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот